Реши да ја заврши кариерата поради смртта на неговиот ривал во рингот (Видео)

Францускиот кикбоксер Ентони Дуранд одлучи дека е време да ја заврши кариерата по трагедијата што се случи во рингот, кога неговиот ривал Панпеч Падунчаи почина. Несреќниот 25-годишен тајландски кикбоксер беше нокаутиран од Дуранд во петтата рунда и никогаш потоа не се разбуди.

Дури девет дена Падунчаи помина во кома, лекарите се бореа за неговиот живот, но безуспешно. Мозокот на кикбоксерот откажал и потоа починал.

По оваа трагедија, Дуранд рече дека веќе никогаш повеќе нема да влезе во рингот да се бори.

„Шокиран сум. Ова е крај за мене. Никогаш повеќе нема да влезам во овој ринг. Се чувствувам одговорен и ветувам дека ќе бидам на услуга на неговото семејство сè додека тие сметаат дека сум им потребен“, рече Дуранд.

 

 

- Оглас -

Најнови вести