Ретклиф: Тен Хаг е многу добар тренер, но одлуката дали ќе остане не е само моја

Новиот косопственик на Манчестер јунајтед, сер Џим Ретклиф, ги коментираше гласините за можното отпуштање на Ерик тен Хаг бидејќи позицијата на холандскиот стратег е значително разнишана поради последните слаби резултати и зголемената тензија во клубот.

„Го почитувам Ерик, тој е многу добар тренер, но на крајот на денот одлуката не е моја… Управата треба да одлучи, тие дојдоа во јули и сега треба да проценат и да донесат некои разумни одлуки“, изјави сер Џим Ретклиф.

Од зборовите на милијардерот се чувствува минимална поддршка за Холанѓанецот, но не е јасно дали тоа ќе биде доволно за Тен Хаг да ја задржи својата позиција.


Манчестер јунајтед доживеа тежок пораз од 0-3 во Премиер лигата на последниот натпревар, а потоа одигра 3-3 против Порто во Лигата на Европа.


На Црвените ѓаволи викендов им следува гостување кај Астон вила.

- Оглас -

Најнови вести