Ретко кога има ваква понуда: Мечеви од Летонија, Ерменија, Уругвај…

3561 РФС – Ауда (17 ч.)

Додека во најголем дел од европските првенства дури сега започнуваат вистинските возбудувања, во шампионатот на Летонија е финишот. РФС е тимот кој игра дури и во Лигата на Европа, што само покажува дека има европски квалитет.

Во домашното првенство РФС е лидер, но титулата уште не е обезбедена, па затоа денеска на свој терен против Ауда приоритет ќе бидат освојување на трите бода. РФС победил во последните шест меча со овој ривал одиграни во последните 17 месеци и најчесто има погодоци на двете страни.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.85)

 

6708 Реал М. (Ж) – Селтик (Ж) (18:45 ч.)

Дуел од женската Лига на шампиони, а Кралскиот клуб е огромен фаворит за победа. Реал во првото коло загуби од Челзи и едноставно нема право на нов неуспех. Селтик е екипа со послаб квалитет и овојпат за гостите ќе биде успех да му дадат што е можно поголем отпор на домаќинот.

Предлог тип: 4+ (1.77)

 

4655 Феникс – Церо (21 ч.)

Дуел од осмото коло во првенството на Уругвај, и тоа меѓу два тима кои се во долниот дел од табелата. Феникс спои две победи, додека Церо има освоено само пет бода од седум кола, во кои постигна само четири гола.

Последните пет меча кои ги одиграа овие два тима меѓу себе завршија со не повеќе од два гола, што значи дека и само еден момент може да го реши дуелот.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.91)

 

3525 Ширак – Вест Ерменија (17 ч.)

Делува неверојатно, но тимот на Ширак во четирите меча на свој терен во новата сезона е очаен и освои само еден бод, а уште нема дадено ниту еден гол, а прими дури девет. За среќа на овој домаќин, Вест Ерменија е еден од најслабите тимови на гостински терен.

Во последните четири меѓусебни дуели, Вест Ерменија има две победи, еднаш се радувал Ширак и еднаш било нерешено. Време е Ширак конечно да се израдува на погодок на свој терен.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.79)

 

1024 Шрусбери – Ексетер (21 ч.)

Во англиската Лига еден (трета лига по ранг), Шрусбери е во зоната за испаѓање само со осум освоени бода од 11 натпревари. Најмногу примени голови досега има овој тим (вкупно 20), што е најава дека одбраната е ранлива.

Ексетер игра многу подобро, тимот се бори за позиции во горниот дел од табелата и сигурно ќе бркаат освојување бодови и на овој меч.

Предлог тип: Х2&2-4 (2.10)

- Оглас -

Најнови вести