1701 ПСЖ – Монако (20:45 ч.)
Во последните 20 дена ова е трет дуел меѓу овие две екипи. Двапати играа во февруари, во плејофот од Лига на шампионите, и тоа беа два многу возбудливи дуели со многу голови и по двомечот на крајот беше 5:4 за ПСЖ.
ПСЖ сезонава дома во првенството има 10 победи и само едно реми, па јасно е кој е фаворит за победа. Монако нема пораз во Лига 1 на последните шест средби и сигурно ќе сака таа низа да продолжи.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.74)
3001 Наполи – Торино (20:45 ч.)
Наполи е единствениот тим во Серија А кој сезонава нема ниту еден пораз на домашен терен (осум победи и четири ремијс). Торино во 13 гостински дуели освои само 13 бода, но сезонава еднаш го победи Наполи со 1:0 на свој терен.
Традицијата вели дека во последните 21 меча, Наполи има 14 победи, пет ремија, а Торино се радувал само двапати, па јасно е дека домаќинот е фаворит за освојување на трите бода.
Предлог тип: 1-1&2-4 (3.80)
1801 Баерн Минхен – Борусија Менхенгладбах (20:30 ч.)
Огромни 11 поени предност има Баерн пред вториот на табелата, Борусија Дртмунд, додека Борусија Менхенгладбах заостанува џиновски 38 бода зад денешниот ривал.
Вистинска гол-машинерија е Баерн со просек од речиси четири погодоци по меч. Баерн има пет победи по ред против денешниот ривал.
Предлог тип: Т12+I&1+II (2.75)
1301 Селта Виго – Реал Мадрид (21 ч.)
Огромни проблеми има Реал Мадрид пред овој меч затоа што дури деветмина играчи нема да ги има во составот, и тоа се Алаба, Белингам, Себалјос, Милитао, Карерас, Хуијсен, Мастантуодо, Мбапе и Родриго. Токму затоа ќе биде вистински предизвик за Реал да победи. Но, сепак Кралскиот клуб токму на ваквите средби мора да покаже зошто е кандидат за титулата.
Селта Виго се бори за излез во Европа, а овој тим сезонава со 2:0 победи на „Сантијаго Бернабеу“, па тоа е дополнителен мотив за Реал да се реваншира.
Предлог тип: 2 (2.30)
1536 Фамаликао – Арука (21:15 ч.)
Фамаликао има 10 бода повеќе од Арука и на свој терен сигурно е фаворит за победа. На четири од последните пет дуели на овие два тима имало погодоци во мрежите на двата тима, па затоа може повторно да се очекува возбудлива и неизвесна пресметка.
Предлог тип: ГГ3+ (2.40)

