Ретко кој го знае ова, зошто после секој скок во вода, натпреварувачите одат под туш?

Скоковите во вода е еден од најатрактивните спортови на Олимписките игри, кои привлекуваат големо внимание. Скокови од даска, скокови од платформа, поединечни или скокање во двојки, сите носат восхит кај гледачите.

Тоа што е карактеристично за сите скокачи е дека веднаш по изведување на скокот и излеговање од базенот, одат под туш. За многумина е збунувачки, зошто веднаш по излегувањето од вода, скокачите одат да се истушираат, а одговорот е едноставен.

На тие тушеви тече многу топла вода која помага да се опуштат мускулите кај натпреварувачите пред нивниот следен настап. Натпреварите во скокови во вода траат подолго време и во тие неколку часа, скокачите изведуваат повеќе скокови со елементи кои се тешки за изведување и постои ризик од повреда.

Со краткото туширање од многу топла вода, драстично се намалува ризикот на грч или истегнување на некој од мускулите. Секако, со туширањето се исфрла хлорот од телото, кој го има во водата во базенот и на тој начин се заштитуваат од евентуална иритација на очите.

- Оглас -

Најнови вести