Ретко кој како Мбапе: 24 години се чекаше на хет-трик против Барса на „Камп ноу“

Барселона падна на колена пред ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе, кој постигна три од четирите погодоци на Светците во победата од 4-1 во првиот осминафинален дуел од ЛШ. Францускиот шампион со една нога се најде во четвртфиналето, со надеж дека оваа победа ќе биде доволна за да се елиминираат Каталонците.

Несомнено, ова беше вечер на експлозивниот француски голгетер. Мбапе со 22 години и 58 дена стана најмлад фудбалер во историјата на Лигата на шампионите кој постигнал два гола против Барселона во меч од нокаут-фазата, а со хет-трикот се придружи на одбрано друштво.

Имено, тој е само трет играч кој забележал хет-трик на „Камп ноу“ против Барселона во меч од ЛШ, по Фаустино Асприлја (Њукасл) и Андреј Шевченко како играч на Динамо Киев во 1997 година.

https://twitter.com/OptaJose/status/1361795801824043012

- Оглас -

Најнови вести