Коњаспор и Трабзонспор одиграа 2:2 во меч од шестото коло, а домаќините може да жалат што не ги освоија трите бода. Трабзонспор прв погоди, но потоа гостите останаа со фудбалер помалку, па Коњаспор со два погодоци на Чекичи стигна до предност од 2:1.
Во 76-тата минута Трабзонспор израмни, и тоа благодарение на комичниот автогол на Амир Хаџиахметовиќ. Бруно Перес нафрли, а Ахмер Челик се обиде да расчисти. Сепак, ударот на Челик заврши во главата на Хаџиахметовиќ, а топката се одби директно во голот на домаќините.