Милан ги заврши настапите во европските купови откако во последното коло од групната фаза во Лигата на шампиони на „Сан Сиро“ загуби од Ливерпул со 1:2. Росонерите немаа шанси против англискиот тим, иако Ливерпул играше во комбиниран состав.
Ибрахима Конате кој има само 22 години, се покажа како столб во одбраната на гостите. Конате имаше за цел да го задржи Златан Ибрахимовиќ и останатите и одлично го направи тоа. По средбата, самиот Ибрахимовиќ призна дека речиси двојно помладиот играч од него бил феноменален.
„По мечот го барав Конате за да ги смениме дресовите. Ме победи во сите дуели на теренот, дури и во воздушните. Му реков дека ако успее мене да ме сопре, ќе може да го сопре секој напаѓач во светот. Мислам дека тој ќе биде врвен стопер“, рече Ибрахимовиќ по мечот.
https://twitter.com/i/status/1468333837482709003
За тоа дека Конате одлично го сопрел Златан говорат и бројките. Ѕвездата на Милан дуелот го заврши со само еден шут кон голот на Ливерпул и тој беше непрецизен. Ибра вкупно имал 71 допир со топката и само 70 отсто успешни додавања.