Каспер Шмајхел засега е поуспешен од клупскиот колега Дани Ворд во првото осминафинале меѓу Данска и Велс на Европското првенство.
И двајцата се голмани на ист клуб, на премиерлигашот Лестер, а засега Данците на Шмајхел имаат предност од 2:0 против Велшаните, чиј гол го брани Ворд.
Слично стојат работите и на клупски план, каде Шмајхел е неприкосновен на голот на Лестер во Премиерлигата, а Ворд му е резерва и бранеше само на неколју дуели во Европа Лигата за англискиот клуб.
По нешто повеќе од еден час игра Данците со двата гола на Каспер Долберг водат со 2:0 и се поблиску до пласман во четвртфиналето на ЕП.