Каспер не требаше да игра, сега може да биде јунакот на Данска (Видео)

Каспер Долберг влета во првиот состав на Данска речиси во последен час на местото на стандардниот напаѓач Јусуф Поулсен и со погодок и донесе предност од 1:0 на својата репрезентација против Велс по првото полувреме во првото осминафинале на ЕП.

Напаѓачот на Ница постигна убав гол во 27. минута на асистенција на Дамсгард, а интересно е што тоа беше и првиот удар во рамките на голот на Велс, што го брани Дани Ворд.

Веднаш потоа стрелецот на голот имаше уште една убава шанса да го дуплира водството на Данска, но не се снајде најдобро и резултатот по првиот дел остана 1:0.

 

- Оглас -

Најнови вести