Фантастично прво полувреме одиграа градските ривали Реал и Атлетико на осминафиналниот дуел од Лигата на шампионите. Ниту една екипа нема предност по првите 45 минути, но гледачи на „Сантијаго Бернабеу“, а и оние кои мечот го следат на телевизија, имаа можност да видат два фантастични гола.
Родриго со фантастичен гол уште во четвртата минута го крена „Сантијаго Бернабеу“ на нозе и го донесе Реал Мадрид во водство од 1-0.
Сепак, Хулијан Алварес во 32-рата минута со еврогол израмни на 1-1 и ја анулира предноста на домашните.
Арсенал се чини дека патникот во четвртфиналето го реши само по 45 минути на првиот меч против ПСВ Ајдховен. „Топчиите“ имаат водство од 1-3 по првиот дел, а имаа и 0-3 само по 30-тина минути игра. Тимбер, Нванери и Мерино стрелаа за Арсенал, а Ланг од пенал погоди за ПСВ.
По 45 минути игра во Дортмунд, Борусија има водство од 1-0 против Лил со голот на Адејеми во 22-рата минута.