Револуционерен план на Шевченко: Судиите мора да поминат на детектор за лаги?!

Еден од најдобрите напаѓачи во историјата, Андриј Шевченко, во моментов е претседател на Фудбалскиот сојуз на Украина, а денес крена вистинска бура во фудбалската јавност со неговата најава. Тој вели дека ќе воведе задолжително тестирање на судиите во Украина на детектор за лаги, и тоа би се случувало еднаш или двапати годишно.

„Сакаме да знаете кои судии се за, а кои не се за својата работа која ја извршуваат“, вели Шевченко.

Уште пошокантна е поддршката која ја доби од претседателката на судиската организација при Фудбалскиот сојуз на Украина, Катерина Монжул, која недвосмислено ја поддржа оваа идеја.

Колку за споредба, во Македонија сè уште нема ниту ВАР-систем.

- Оглас -

Најнови вести