Голманот на Рајо Ваљекано, Дани Карденас, на социјалните мрежи се прости од Столе Димитриевски, кој кариерата би требало да ја продолжи во Валенсија.
Емотивната порака покажа дека имало добри вибрации меѓу двајцата и покрај тоа што беа конкуренција оваа сезона.
„Ми дозволи да играм помеѓу малку и воопшто, но малку луѓе се однесуваа толку добро со мене како што се однесуваше ти. Беше задоволство да уживам со тебе и да учиме заедно на дневна основа. Во мене имаш пријател за цел живот. Многу среќа во новата средина“, порача Карденас.