Резил на социјалните мрежи: Ова е врвот на мак-фудбалот (видео)

Драматичен беше дуелот меѓу Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев кој се одигра во рамките на 20-тото коло во Првата лига на Македонија. Лавовите победија со погодок од белата точка на Блажевски во седмата минута од судиското надополнување, а пеналот беше доделен по сугестија на четвртиот судија.

Меѓутоа, таа сцена не е ни од близу комична колку онаа што се случи во 65-тата минута.

При изведување аут во корист на домаќините, Јашароски тргна во напад, а го следеше Костов кој трчаше кон противникот со втора топка во рацете. За да спречи опасност, Костов ја фрли топката кон другата со која се играше, додека фудбалерот на домашниот тим продолжи да игра со втората топка.

За глупоста Костов доби црвен картон, па стана хит на социјалните мрежи и се прави голем сеир на негова сметка и воопшто на македонскиот фудбал.

https://twitter.com/FootblaDigital/status/1231606180688080896

- Оглас -

Најнови вести