Четвртиот судија е ВАР систем во Македонија – Лавовите од Ѓорче Петров победија со пенал во последен миг

Бојан Најденов е трагичар на мини-дербито во Ѓорче Петров, отако играше со рака во седмата минута од судиското продолжение, а четвртиот судија реагираше малку и со задоцнување и беше досуден пенал за Македонија против Академија Пандев.

Мирен и сигурен реализатор беше Дејан Блажевски во 100. минута од мечот, а Македонија победи со 1:0 и ги прескокна струмичани на табелата.

Македонија Ѓорче Петров успеа да ја искористи предноста на домашен терен и од играч повеќе што ја имаше половина час.

И двете екипи имаа шанси, пред да биде постигнат единствениот гол, а и на двете страни се тресеше рамката од голот по ударите на Китановски и Стојковски.

Гостите од Струмица беа храбри, не се бранеа, иако од 66. минута играа со 10 фудбалери по исклучувањето на Стефан Костов, но несмасниот потег на Најденов ги чинеше бод.

Македонија Ѓорче Петров сега има 29 бода и се проби на третото место на табелата. Академија Пандев остана на 27 бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести