5.8 C
Skopje
среда, 18 февруари 2026

Резултатите од вечерва најавуваат спектакуларни осминафиналиња

Резултатите од вечерашните пресметки во фудбалската Лига на шампиони најавуваат можни спектакуларни осминафиналиња.

Така, бранителот на трофејот, ПСЖ, ако оди понатаму, а веројатно ќе оди, во осминафиналето ќе игра со Барселона или Челзи. Кој и да е, тоа ќе биде спектакл.

Реал Мадрид е во добра позиција да ја елиминира Бенфика, а во осминафиналето ќе се сретне со Манчестер сити или Спортинг. Со Сити би било мега дерби, а со нив играа и во лигашкиот дел. Другата опција е полесна за Реал, и пак ќе треба да игра со тим од Лисабон.

Галатасарај или Јувентус, ќе имаат противник од Англија, опциите се Ливерпул и Тотенхем.

Борусија Дортмунд треба да ја доврши работата против Аталанта и да чека ждрепка во која можни противници им се Баерн или Арсенал. Од тешко потешко, или германско дерби со стариот ривал или битки со лидерот на Премиер лигата и првопласиран тим од лигашкиот дел на ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести