6.8 C
Skopje
понеделник, 8 декември 2025

Резултатот на семафорот не е тој што го посакуваме, во вторите 45 минути мора подобро

Селекцијата на Казахстан им прави доста проблеми на македонските фудбалски репрезентативци на дуелот во Скопје, по првото полувреме нема погодок, а резултатот е 0-0.

Гостите кои нема што да загубат, имаа поголем посед, опасни се, но и македонскиот тим се закани во неколку наврати и имаше поубави шанси.

Доколку сакаме да останеме во трка за место на СП 2026 преку овие квалификации, мора да победиме и во вторите 45 минути ќе мораме подобро, знаеме дека може.

- Оглас -

Најнови вести