Утринава Македонија ја потресе страшна трагедија – пожар во ноќен клуб во Кочани однесе десетици животи, а повеќе лица, претежно млади, се борат за живот. Поради оваа несреќа, сите спортски настани за денес се откажани.
Фудбалската федерација на Македонија прва излезе со соопштение, нагласувајќи дека во ваков момент нема простор за фудбал. Веднаш потоа, и Ракометната федерација на Македонија објави дека ги одложува сите денешни натпревари.
„Ракометната федерација на Македонија, поради огромната трагедија во Кочани, ги одложува сите денешни натпревари во сите категории. Во овие тешки мигови, нашите мисли и молитви се со семејствата на настраданите.
Упатуваме искрено сочувство. Со почит, Ракометна федерација на Македонија.“
Се очекува и останатите спортски федерации да донесат исти одлуки, бидејќи во вакви моменти спортот е во втор план.