Ракометната федерација на Македонија упати јавна благодарност до „храброто срце“ Филип Миркуловски за севкупниот придонес што го даде за ракометот во Македонија. Миркуловски вчера ја заврши играчката кариера и отвора ново поглавје во својот живот, ќе работи како помошник-тренер во германскиот клуб Вецлар.
Популарниот Жути останува и во стручниот штаб на македонската репрезентација. Миркуловски во дресот на Вецлар мина седум сезони. Освен за Вецлар, Миркуловски настапуваше и за Хановер, Металург и Младост од Богданци.