Германскиот дефанзивец Антонио Ридигер, не се најде на листата на играчи на Реал Мадрид за утрешното гостување кај Депортиво Минера од купот на Шпанија, и конечно ќе добие малку одмор.
Ридигер на клупска сцена сезонава само на еден меч (против Еспањол влезе во финишпот, одигра 7 минути) не играше цели 90 минути, а и за репрезентацијата пропушти само една средба кога остана на клупата за резерви. На сите други дуели од август наваму, тој играше цел меч како ретко кој фудбалер во Европа.
Освен на Ридигер, тренерот Карло Анчелоти му даде одмор и на Тибо Куртоа, па утревечер на голот на Реал ќе стои Андриј Лунин. Сите други ѕвезди се ставени на листата, може да игра и Винисиус на кој црвениот картон во лигата против Валенсија не го спречува да игра во Купот.