Ридигер: „Модриќ останува, но јас сум лидерот на Реал Мадрид“

Германскиот интернационалец Антонио Ридигер иако е само две сезони во Реал Мадрид, тој веќе е еден од лидерите на екипата и еден од најдобрите фудбалери на Кралскиот клуб. Тој пред две години на „Сантијаго Бернабеу“ пристигна од екипата на Челзи.

Ридигер го коментираше заминувањето во пензија на својот сонародник Тони Крос, но и останувањето на Лука Модриќ.

„Сè има свој крај. За жал, Тони сега кажа крај. Многу ќе ни нтдостасува бидејќи беше единствен и незаменлив фудбалер. Модриќ сè уште е свеж и игра добро. Тука се и ветераните Лукас Васкес, Начо, Карвахал… Но, да, себеси се гледам како лидер на екипата. Јас не сум лидер само на зборови, туку со дела“, вели Антонио Ридигер.

- Оглас -

Најнови вести