Ример: Во првиот дел создадовме шанси, а потоа дојдоа и головите против Македонија

Селекторот на Данска, Брајан Ример, испрати јасна и смирена порака по убедливата победа од 4-0 над Македонија во Копенхаген. Нема место за еуфорија, а задачата сè уште е недовршена кога станува збор за пласман на Светско првенство 2026. Следува клучниот дуел против Чешка.

Иако Данците направија значителен чекор кон Мундијалот, Ример не дозволува опуштање во редовите на својот тим. Напротив, тој бара максимална дисциплина, фокус и професионализам до последниот момент.

„Во овој момент не сме освоиле ништо. Ова е само првиот чекор, а вистинската пресметка допрва нè очекува. Бевме подобри од Македонија, во првото полувреме создадовме шанси, а во второто дојдоа и головите“, истакна Ример.

Според него, најважниот дел од работата штотуку почнува. Данската селекција ќе мора да го задржи високото ниво на игра и да ја комплетира започнатата мисија ако сака да го завери местото на светската сцена.

„Сега приоритет е добро закрепнување, а потоа целосен фокус кон решавачкиот натпревар. Само со таков пристап можеме да ја оствариме целта“, додаде селекторот на Данците.

- Оглас -

Најнови вести