Рио згрми поради две сомнителни одлуки: На ВАР-системот местото му е во отпад (фото)

Рио Фердинанд како ексфудбалер на Вест хем тешко го поднесе поразот од Челзи во лондонското дерби, по кое Чеканите се оддалечуваат од сонот наречен Лига на шампиони. Англиската фудбалска легенда со право остро ја искритикува арбитражата и ВАР-системот кој одигра голема улога на штета на домаќините.

Двете сомнителни ситуации во кои тимот на Мојс беше оштетен за недусен пенал, а потоа и остана со играч помалку во финишот од средбата.

„Местото на ВАР му е во отпад. Го пробавме и ср*ње е. Отстранете го. Го успорува темпото на играта и ја цеди целата нејзина емоција“, реагираше Фердинанд на „Твитер“.

Шутот на Соучек во првото полувреме заврши во раката на Аспиликуета, кој се најде на неколку метри пред голот, па ни проверката од ВАР-собата не беше доволна за Каванах да покаже кон белата точка. При резултат од 0-0 ова беше клучен момент и можеше да го смени текот на мечот, а Челзи набрзо потоа поведе преку Вернер.

Нов тежок удар претрпеа Чеканите по претераната реакција на ВАР и судијата Каванах, да се додели директен црвен картон на Балбуена. Иако на фотографијата стартот делува остар бидејќи Балбуена со отворена копачка го гази противничкиот играч, но домашниот фудбалер прв стигна до топката и природно реагираше при отстранување на закана.

Доколку Вест хем во последните шест кола не се избори за топ 4 во Премиер лигата, вината ќе се бара во овие спорни одлуки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести