Двете лица на Вернер: Погоди и промаши зицер, Челзи ја доби битката за ЛШ против Вест хем (видео)

Челзи со минималните 1-0 славеше на гостувањето кај градскиот ривал Вест хем во битката за четвртото место во Премиер лигата, преку кое се обезбедува пласман во Лигата на шампионите.

Сините во вистински момент влегоа во победнички ритам, ако се знае дека во вторник гостуваат во Мадрид во првото полуфинале против Реал. Вернер ги осигура бодовите на Челзи во 43-тата минута по асистенција на Чилвел, но Германецот го покажа и своето друго лице кое повеќепати беше видено сезонава на англиските терени.

Десетина минути по стартот на второто полувреме, Вернер можеше да ги реши дилемите на Олимпискиот стадион во Лондон, откако Фабијански го одбрани шутот на Маунт, а од одбиената топка Вернер пропушти зицер-шанса и го промаши целиот гол. Домаќините во финишот останаа со играч помалку по исклучувањето на Балбуена, па тимот на Дејвид Мојс десеткуван не можеше да се спаси од разочарување.

Werner miss vs West Ham from soccer

Челзи со оваа победа застана на четвртото место со 58 бода, еден помалку од Лестер, додека Вест хем останува петти со 55 бода со еден побеќе од Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести