Ришарлисон во 90-тата минута му „украде“ бод на Ливерпул (Видео)

Ливерпул ремизираше на домашен терен со Тотенхем, играјќи 1-1 во 30-тото коло од Премиер лигата.

Единствениот гол за домаќините го постигна Доминик Собослаи во 18-тата минута, додека Алисон Бекер имаше неколку одлични интервенции против Ришарлисон, кој создаде најмногу шанси за Тотенхем. Меѓутоа, во 90-тата минута, по асистенција на Коло Муани, Ришарлисон го израмни резултатот за голем шок на „Енфилд“.

Мечот беше одбележан и со комична сцена пред натпреварот кога тренерот на Тотенхем, Игор Тудор, се обрати на погрешна личност на клупата на Ливерпул, мислејќи дека зборува со Арне Слот.

Ливерпул имаше предност сѐ до 90-тата минута кога Ришарлисон постигна погодок за израмнување 1-1. Во последните моменти, Екитике имаше можност во контранапад, но ударот беше блокиран.

- Оглас -

Најнови вести