Весли Снајдер, некогашната ѕвезда на Интер, најде работа како аналитичар на „РТЛ 7“ холандскиот канал кој ќе ги емитува натпреварите на Лалињата на претстојното Европско првенство.
Во еден од дуелите Снајдер ќе си има работа и со македонската фудбалска репрезентација, поточно на 21 јуни, во рамките од третото коло во групната фаза. Рисовите на Ангеловски ќе играат под лупата над европскиот и италијански првак, во меч во кој ќе треба да го импресионираат и Снајдер, но и цела Европа.
Снајдер инаку веќе извесно време е во пензија, а како легенда на холандскиот фудбал и повеќе од 130 настапи по националниот дрес, очекува добар настап на Лалињата на претстојниот континентален турнир.