Рисовите на мегдан со Австрија пред 40.000 фанови

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва ќе игра пред полни трибини на стадионот „Ернст Хапел“ во Виена. Австријците потврдија дека се продадени околу 40.000 билети од максималниот капацитет 50.865 седишта, што значи дека домаќините ќе имаат голема поддршка во мисијата да го совладаат составот на Игор Ангеловски.

Збиднувањата од натпреварот ќе ги пренесат повеќе од 150 новинари, додека 800 гости ќе бидат во ВИП-ложата меѓу кои ќе биде и австрискиот министер за спорт Едуард Милер, кој ќе очекува Австрија да го обезбеди пласманот на ЕП 2020.

На „Ернст Хапел“ ќе има и голем број на „ловци на таленти“. Најавени се скаути од Манчестер сити, Фиорентина, Келн, Вулверхемптон, Аталанта, Депортиво, како и од неколку турски клубови. Тоа е убава вест за нашите фудбалери и оние помладите, да ги покажат своие квалитети пред големите клубови.

- Оглас -

Најнови вести