Ристовски асистира за триумф на Спортинг, првенец за Ериксен во дресот на Интер

Стефан Ристовски учествуваше во триумфот на Спортинг од 3-1 против Башакшехир во првата средба од нокаут-фазата во Лигата на Европа. Македонскиот репрезентативец со одлично нафрлување му асистираше на Шпорар за 2-0 пред истекот на полувремето, па ги доигра сите 90 минути од средбата.

За Лавовите триумфот го потврди Вјето во 51-вата минута, а Башакшехир дојде до надежен гол преку Виска во 77-мата минута за конечни 3-1.

Интер со сигурни 2-0 на гости кај Лудогорец заврши половина од работата за пласман во следната фаза. Победата ја најави зимското засилување Кристијан Ериксен, кој го запиша дебитансткиот гол во дресот на миланскиот гигант, а во судиското надополнување Лукаку ги реши дилемите од белата точка.

Манчестер јунајтед ремизираше на гостувањето кај Клуб Бриж при конечни 1-1. Голема вина на себе ќе преземе голманот Серхио Ромеро што Ѓаволите примија гол во раната фаза од мечот. Аргентинскиот чувар на мрежата го остави празен голот и дозволи да биде лобуван од 30 метри, за Марсијал потоа да ги спасува гостите во 36-тата минута.

https://twitter.com/Footweets1/status/1230572364116656128

Ајнтрахт со убедливи 4-1 и хет-трикот на Камада го растури Салцбург, Ајакс загуби на гости кај Хетафе со 2-0, со идентични 1-1 ремизираа Клуж и Севилја, односно Копенхаген и Селтик, Шахтар беше подобар од Бенфика со 2-1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести