Аматерска грешка на Ромеро: Задоцни со реакцијата и прими лоб од 30 метри (видео)

Оле Гунар Солскјер засега жали што му дозволи на Серхио Ромеро пред Де Хеа да застане меѓу диреците на гостувањето кај Клуб Бриж. Поради аргентинскиот голман, Црвените ѓаволи се наоѓаат во резултатска негатива во првата пресметка од шеснаестфиналната рунда против белгискиот состав.

Ромеро задоцни во тркот кон долгата топка и го остави празен својот гол, додека Денис меѓу двајцата дефанзивци на Јунајтед ја стигна топката и од прва го лобуваше голманот на гостите од околу 30 метри.

https://twitter.com/DONSPORTS4/status/1230555990770081794

- Оглас -

Најнови вести