Ристовски го менува Џани за убав штимунг – На крај остануваат најсилните (Фото)

Стефан Ристовски е еден од главните на терен во македонската репрезентација, заменик капитен е на Горан Пандев, но и секогаш расположен за кревање на прекрасната атмосфера што постои во националниот тим.

Во отсуство на Џани Алиоски, со кој заедно имаа и музички перформанс на тапани на денешната забава на репрезентативците, Ристовски се пошегува со фотографија за крај на журката.

Најјаките остануваат на крај, напиша на Инстаграм десниот бек на Македонија, поткрепено со фотографија на која се Пандев, Адеми и Николов.

- Оглас -

Најнови вести