Ристовски и Ќамили отпаднаа поради повреда, Тошевски ново име во репрезентацијата

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски, по првиот тренинг се соочи со непланирани проблеми поради повреди на двајца фудбалери.

Милан Ристовски и Лирим Ќамили нема да бидат во составот на македонската репрезентација за претстојните натпревари против Лихтенштајн и Велс.

Како замена, селекторот дополнително го повика Давид Тошевски од Австрија Клагенфурт.

Настапот на Стефан Ашковски останува неизвесен поради повреда на зглобот, а неговата состојба дополнително ќе биде проценета од медицинскиот тим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести