Ривалдо критикува: Барселона мора да игра поофанзивно

Бразилецот Ривалдо, кој еден од најдобрите фудбалери во неговото време, реши да го изрази своето негодување за сегашната игра на Барселона. Ривалдо во Барселона помина пет сезони, во кои одигра 235 меча, а постигна вкупно 130 погодоци. Голгетерот вели дека тренерот на каталонскиот гигант Кике Сетјен треба да ја смени тактиката и да игра многу поофанзивно.

„Видовме дека Барселона во последно време не игра како што знае. Точно е дека победуваме, но факт е дека имаме проблем на теренот. Го повикувам Сетјен да се замисли, да ја погледне ситуацијата и да најде решение. Барселона треба да игра поофанзивен фудбал и да постигнува повеќе погодоци. Со тимот со којшто располага тој треба да освојува трофеи. Ако тоа не се случи, се знае дека треба тренерот да биде избркан“, вели Ривалдо.

Барселона во последното коло од Примера едвај со 1:0 го победи Атлетик Билбао и остана во трка со Реал Мадрид за титулата. Двата шпански гиганти имаат еднаков број бодови, но Кралскиот клуб е во пол-позиција затоа што е подобар во меѓусебните дуели со Каталонците.

 

- Оглас -

Најнови вести