Некогашниот бразилски фудбалер, Ривалдо, кој беше во последниот шампионски тим на Бразил во 2002 година, верува дека Карло Анчелоти е идеален за селектор на Кариоките и човек кој може да им донесе мундијалска титула.
Италијанскиот стручњак кој во моментов е на клупата на Реал Мадрид, често се спомнува како иден селектор (од летото 2024) на Бразил под чие водство оваа репрезентација ќе настапи на Светското првенство во 2026 година.
„Сигурен сум дека не постои тренер Бразилец, кој може да ја врши работата мирно како Анчелоти. Бразилците се под огромен притисок кога резултатите не се како што посакуваме. Доведувањето на врвен тренер како Анчелоти би било историски момент, се надевам дека со него како прв странски селектор, ќе станеме светски шампиони во 2026 година“ – изјави Ривалдо кој додека беше во Милан, има работено со Анчелоти кој тогаш му беше тренер.