Ривалдо во 2002 година ги скарал Хески и Бекам

На Светското првенство во 2002 година, Англија испадна во четвртфиналето од Бразил во меч кој се памети по еден феноменален гол од голема далечина на Роналдињо, а тогашниот напаѓач Емил Хески, се сеќава дека после изјава на Ривалдо, Дејвид Бекам му се налутил.

По завршувањето на средбата, легендата Ривалдо изјави дека Хески е единствениот англиски фудбалер кој би се вклопил во бразилската репрезентација, а тоа воопшто не им се допаднало на останатите англиски играчи како Бекам, Фердинанд, Сколс, Овен.

„Ривалдо направи проблем во нашиот тим. Рече дека само јас од англиската селекција би можел да играм за Бразил и би се вклопил во нивната игра. Ние во тоа време имавме страшни играчи, а тој ме избра мене. Останатите беа љубоморни и не ми се веруваше колку многу им пречеше таа изјава“ – се сеќава Хески.

Хески додава дека останатите прво се смееле и викале дека Ривалдо само провоцира, но забележал дека всушност многу им е криво што не ги избрал нив. Хески и Ривалдо играа еден против друг и на клупска сцена, па и на мечевите на Барселона со Ливерпул се уверил дека Хески е корисен за тимовите за кои што игра.

- Оглас -

Најнови вести