Флуминенсе е домаќин на Ривер плејт во дербито од третото коло во Либертадорес купот, кое е пандан на европската Лига на шампиони. Бразилскиот тим кој е домаќин на легендарната „Маракана“ има две победи по првите две кола, додека аргентинскиот гигант е со една победа и еден пораз.
Вечерва се играат шест дуели од ова натпреварување, а останатите мечеви од третото коло ќе се комплетираат во следните два дена.
Ноќеска ќе има возбудувања и во Судамерикана купот, натпреварување кое е слично на Лигата на Европа.