Рандерс и ФК Копенхаген ќе играат од 16 часот во меч од 8.коло во Првата данска лига, а во меѓусебните дуели имаат интересна традиција и пет пати по ред една од двете екипи победувала со резултат 2:1.
На последните два натпревари на кои Рандерс беше домаќин го победуваше 13-кратниот првак со 2:1, еднаш успеа со истиот резултат да слави и на гости, а двапати загуби со тој резултат исто така како гостин на „Паркен арена“ во Копенхаген.
Сите пет меча беа прволигашки, а денеска ако се случи реприза за точен резултат 2:1 за домаќините коефициентот во Sport Life е одличен и изнесува 13.8.
Според квотите ФК Копенхаген е фаворит во дербито и ако ја селдите традиција и коефициентите тогаш може да се ризикува и со победа на гостите од 2:1. За таков исход понудата во Sport Life е 8.75 што исто така е одлична опција.
Најсигурно е ако се следи традицијата да се одигра ГГ&3+ со квота од 1.94 во Sport Life. Моментно пред стартот на дербитово Данска од 16 часот денеска, ФК Копенхаген е на второто место со 17 бода, но ќе биде лидер ако победи со два бода повеќе од Митјиланд, кој има 18 бода и веќе го одигра својот меч од 8. коло.
Рандерс е на третото место со 14 бода и ако слави денеска против фаворитот ќе се израмни со ФК Копенхаген на втората позиција.