РК Вардар нуди можност за сликање со победничкиот пехар од Лигата на шампионите

Голем број навивачи и симпатизери на Вардар изразија желба да добијат можност да се фотографираат со пехарот што „црвено-црните” по вторпат го освоија во Келн на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите.

Токму затоа, европскиот ракометен првак организира „Отворен ден” и на сите фанови ќе им овозможи во периодот од 19 до 26 јуни да се фотографираат со пехарот освоен во Келн, и тоа во периодот од 15 до 20 часот.

Пехарот ќе биде во изложен во внатрешниот дел на СЦ „Јане Сандански”, веднаш штом се влезе низ главниот влез на големата сала.

И не само тоа, секој што сака може да добие и професионално направена фотографија со пехарот наместо да го користи својот мобилен телефон. Секој ден во периодот од 18 до 20 часот на располагање ќе биде клупскиот фотограф кој може да ви направи фотографија со шампионскиот пехар.

Од Вардар посочуваат дека сите што ќе решат да го користат фотографот за да добијат професионална фотографија ќе можат да добијат и попуст од 10 отсто на целото мени во Скај барот и во ресторанот во хотел Русија. Во фан-шопот во СЦ „Јане Сандански” може да се купат и новите шампионски маички со пехарот од ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести