9.8 C
Skopje
понеделник, 9 февруари 2026

РК Вардар со блок билети: На мечевите со Мелсунген и Бенфика и само за 300 денари

Ракометниот клуб Вардар објави дека во продажба се пуштени блок билети за следните два домашни дуела од Лигата на Европа на кои Црвено-црните ќе ги пречекаат Мелсунген и Бенфика.

„Една недела ќе трае продажбата на блок билетите по оваа цена, а потоа ќе продолжи продажба, но на поединечни билети кои ќе имаат повисока цена. Со блок билетите го резервирате вашето седиште за двете средби на Вардар во Лигата на Европа. Најевтините блок билети за двата натпревари чинат само 300 денари. Блок билетите ќе се продаваат од денеска (понеделник – 9 февруари) до 16 февруари до полноќ“, објавија од РК Вардар.

Продажбата на блок билетите ќе се одвива преку онлајн платформата на www.ticketx.com.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ секој работен ден од 10 до 18 часот.

Купување блок билет можете да направите на следниот линк – https://ticketx.com.mk/events/vardar-blok01

Цените на блок билетите се следните:
Блок: A2, A3, A5, A6 – 700 денари
Блок: G, 5, 6, 13, 14 – 600 денари
Блок A1, A4, 4, 7, 12, 15 – 500 денари
Блок: 3, 8, 11, 16 – 400 денари
Блок: A, 1, 2, 9 – 300 денари

Натпреварот Вардар – Мелсунген е закажан за 24 февруари во 20.45 часот, а дуелот Вардар – Бенфика ќе се игра на 3 март во 20.45 часот.

Вардар ја стартува главната фаза од Лига Европа со два бода, а во групата се уште и екипите на Мелсунген, Бенфика и Кристијанштад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести