Робен најблиску до преселба во Премиер лигата и тоа кај екс првак

Арјан Робен по 10 години поминати во Баерн Минхен, летово го напушти германскиот првак. Холандскиот офанзивец во 2009 година пристигна во Баерн и тоа за сума од 24 милиони евра, а со игрите го доби статусот на една од легендите на клубот. Во 2013 година, Робен се израдува и на титулата во Лигата на шампиони.

Неговиот договор со Баерн заврши на крајот од сезоната, а двете страни се договорија дека нема да биде продолжена соработката. Робен сега е слободен играч и е во потрага по нов клуб. Некогашниот играч на Реал Мадрид, најверојатно ќе замине во Англија. Премиерлигашот Лестер е најзагреан да го доведе искусниот играч.

Како можна опција за Робен е и ПСВ Ајндховен, па останува самиот играч да одлучи која е подобра варијанта за него.

- Оглас -

Најнови вести