Роберто Карлос го одбра најдобриот лев бек во историјата на фудбалот

Легендарниот Бразилец, Роберто карлос си го одбра својот фаворит на позицијата лев бек и според него најдобар во историјата на фудбалот на тоа место е неговиот сонародник Марсело.

Токму Марсело го наследи Карлос на позицијата лев бек во Реал Мадрид и во бразилската репрезентација во 2007 година.

„Штета е што Реал си дозволи да го пушти Марсело да си замине. Има само 34 години и може да игра на врвно ниво уште 4-5 сезони. Знае дека го ценам многу и дека за мене тој е најдобриот лев бек на сите времиња“, изјави Карлос.

Многумина сметаа дека токму Роберто Карлос е број 1 на позицијата лев бек во историјата на фудбалската игра, но тој џентлментски го одбра Марсело.

 

- Оглас -

Најнови вести