Легендарниот лев бек на Бразил и Реал Мадрид, Роберто Карлос, на неколку дена пред Новата година беше хоспитализиран во татковината, а бразилските медиуми пренесоа дека имал срцев удар. Сепак, славниот фудбалер е добар, а како што вели и самиот се работи за планиран рутински преглед и воопшто немал срцев удар.
„Сакам да ги разјаснам информациите кои се појавија во јавноста. Неодамна, во договор со мојот лекарски тим, имав превентивен медицински зафат, кој беше однапред планиран. Зафатот беше успешен и се чувствувам добро. Немав срцев удар. Рехабилитацијата тече според планот и се радувам за скорото враќање во полна физичка подготвеност и продолжување на моите приватни и службени обврски. Искрено ви се заблагодарувам на пораките со поддршка, грижа и охрабрување. Сакам да ве уверам дека нема место за загриженост. Посебна благодарност му упатувам на медицинскиот тим кој се грижи за мене.“ – напиша Роберто Карлос.

