Роберто Мартинес: Роналдо не може да одигра два меча по 90 минути во рок од 72 часа

Кристијано Роналдо со гол против Шкотска, им донесе победа на Португалците, и продолжи да одбројува до 1.000 голови во кариерата кое си го постави како цел, сега е на 901.

Роналдо синоќа играше само во второто полувреме, а селекторот Роберто Мартинез објасни зошто најдобриот стрелец во историјата на фудбалот првото полувреме го преседе на клупата за резерви.

 

„Кристијано е во добра форма. Септември е, тој одигра три натпревари, постигна гол и за својот клуб. Треба да ги заштитиме сите играчи. Кристијано не може да одигра два натпревари од по 90 минути за 72 часа. Навистина ми се допадна неговата посветеност, тој е подготвен да го направи она што му треба на тимот. Кристијано е неверојатен играч. Немаме зависност од неговите голови, но предност е кога имате таков играч во тимот“, рече португалскиот селектор.

- Оглас -

Најнови вести