Брзилскиот ас Робињо ќе мора да остане во границите на својата земја ако не сака да лежи во затвор во траење од 9 години откако Италија по него издаде меѓународна потерница.
Врховниот суд на Италија донесе одлука Робињо и неговиот пријател Рикардо Фалко да бидат осудени на казна затвор, но засега фудбалерот нема да оди зад решетки.
Шпанската „Марка“ објави дека Италија го информирала Бразил дека го бара Робињо со меѓународна потерница.
Бразилскиот Устав не дозволува екстрадиција на свои граѓани во останатите земји, па Робињо ќе мора да остане во границите на неговата земја за да се спаси од затвор.
Во случај да го напушти Бразил, веднаш може да биде уапсен и испратен во Италија.
Робињо беше под истрага за силување и во Англија додека играше за Манчестер сити. Во ноќен клуб во Лидс, Бразилецот имал уште еден испад. Беше под истрага и во притвор, но беше пуштен откако плати кауција и потоа беше ослободен од обвинението дека силувал жена во ноќен клуб во Лидс.