Роден победник: Има 24 години, а веќе деветпати бил шампион во осум сезони од Топ-5 лигите во Европа

Офанзивниот играч по крилната позиција на Баерн Минхен, Кингсли Коман направи неверојатен подвиг, посебно за играч на негови години. Коман има само 24 години, а синоќа и официјално стигна до деветтата титула во Топ-5 лигите во Европа. Со победата на гости кај Вердер, Баерн само ја продолжи доминацијата од осум години во Бундеслигата. Коман веќе петта сезона е дел од германскиот гигант и исто толку пати бил шампион.

Коман во професионалниот фудбал дебитираше само со 16 години, осум месеци и четири дена и е најмлад фудбалер кој заиграл за Пари Сен Жермен. Уште во првата сезона се израдува на титулата со Светците во Франција во 2014 година. Потоа направи трансфер во Јувентус, со кого стана првак во сезоната 2014/15. Следната сезона Коман одигра еден меч за Старата дама, а потоа беше даден на позајмица во Баерн Минхен, каде што одигра 23 меча. И Јувентус и Баерн беа прваци во своите земји, а Коман беше член на двата тима во таа сезона.

Откако дојде во Бундеслигата, Коман со Баерн само ја продолжи традицијата да биде првак, па сега тој има девет шампионски титули во три од петте најсилни лиги во Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести