Роден во Лондон, игра за Лудогорец, им донесе голема радост на Швајцарците (Видео)

Швајцарскиот фудбалер со потекло од Гана, Квадво Дуа, денешниот ден ќе го памети до крајот на животот.

Овој 27-годишник роден во Лондон, а член на бугарски Лудогорец, постигна гол за водство на Швајцарија над Унгарија од 1-0 на мечот од ЕП 2024 во Келн. Во прв момент судијата му го поништи голот, но по гледање на снимката, ВАР технологијата потврди дека голот е регуларен.

За стрелецот Дуа ова е само втор меч за Швајцарија, дебито во репрезентацијата го имаше пред 11 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести