Роденденскиот меч не му легна добро на Вардар, загуби од Скопје со гол во финишот

Најпознатиот македонски фудбалски бренд, Вардар вчера прослави 75 години од постоењето, а денеска одигра и пријателски меч против градскиот тивал Скопје, за да се одбележи скромно роденденот.

Мечот заврши со победа на тимот од Автокоманда, а Скопје го даде единствениот и победнички гол во последните моменти.

Скопје се подготвува за нов настап во Првата македонска фудбалска лига, откако во баражот ја надигра Беласица.

Вардар останува второлигаш втора сезона по ред, откако во сезоната што неодамна заврши не успеа да стаса ниту до директен пласман во елитата, ниту до бараж.

 

 

- Оглас -

Најнови вести