Најпознатиот спортски бренд во Македонија со прекрасен јубилеј – ФК Вардар слави 75 години од постоењето (Фото)

Фудбалскиот клуб Вардар иако моментно е второлигаш и преживува тешки моменти, денеска има причина за славење и го полни 75-тиот роденден.

Најголемиот спортски бренд на Македонија е формиран на 22 јули 1947 година со фузија на две екипи, тогашните скопски клубови Победа и Македонија. Имаше и убави моменти, многу титули има во најтрофејната фудбалска колекција во Македонија, а Вардар во 2017 година стана и првиот наш клуб што играл во фаза по групи во Лигата на Европа.

Низ историјата има незаборавни легенди, натпревари, случувања како најпознат спортски клуб од нашата земја.

- Оглас -

Најнови вести