19.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Роџерс ја израдува домашната публика со елиминацијата на првата светска тенисерка

Шелби Роџерс приреди пријатно изненадување со победата над моментално најдобрата тенисерка во светот, Ешли Барти, со конечни 2-1 во сетови (6-2, 1-6, 7-6) и се пласираше во осминафиналето на Отвореното првенство на САД.

Домашната тенисерка е на пат да го повтори својот најдобар пласман на гренслемот во Њујорк, остварен лани кога стаса до четвртфиналето каде што загуби од освојувачката на трофејот, Наоми Осака.

Роџерс отвори фантастично и со два брејка ѝ дозволи на Барти да освои само два гема, односно со сигурни 6-2 да поведе во сетови. Со иста мера врати првата светска рекетка, а кога дојде време да се решава победникот, двете тенисерки изгураа до тајбрејк со по два одземени сервиси, па при првата грешка на Барти, домаќинката го оствари посакуваниот резултат.

За пласман во топ 8 фазата Роџерс ќе се бори против 18-годишната британска тенисерка, Ема Радукану.

Во машка конкуренција ноќеска изненадувањето беше триумфот од 3-0 на Харис против 10-то рангираниот Шаповалов, а со идентичен резултат победи Опелка против Басилашвили. Зверев стигна до осминафинале откако Сок предаде при резултат од 2-1 во сетови во корист на олимпискиот првак и  2-1 во гемови во четвртиот сет.

 

- Оглас -

Најнови вести