Родителски мерак: таткото на Ансу Фати купи осум дреса од Барса со 10-ката на син му

Таткото на Ансу Фати, Бори Фати, беше снимен како купува осум дресови на Барселона со бројот 10, дрес кој сезонава ќе го има неговото презиме откако син му беше избран за наследник на Лионел Меси.

Бори потроши 800 евра во продавницата на Барселона и објасни дека купил дресови за целото семејство. Ансу Фати имаше тешка повреда поради која ја пропушти речиси цела претходна сезона, а сега се враќа по паузата и треба да биде опасно оружје на Каталонците, но и одговорноста е голема поради значењето на десетката.

„Минавме многу тежок период. И Ансу и јас многу плачевме во овие девет месеци. Ниту на најголемиот непријател не му посакувам да го доживее тоа. Среќни што десетката ќе ја земе тој, емотивен сум, не ми се веруваше кога ги гледав дресовите во продавницата на ‘Камп ноу’“, вели Бори Фати.

- Оглас -

Најнови вести