Родри, актуелниот носител на Златната топка, одговори на коментарите на Кристијано Роналдо, кој изјави дека наградата оваа година требало да му припадне на Винисиус jуниор. Во интервју за шпанскиот весник „АС“, Родри истакна:
„Бев изненаден од неговите зборови бидејќи Кристијано најдобро знае како се доделува оваа награда. На крајот, победникот го избираат новинари кои гласаат. Овојпат тие проценија дека јас треба да ја добијам. Веројатно, тоа се истите луѓе кои некогаш гласале за него да победи. Мислам дека тогаш тој се согласуваше со нивното мислење.“
Родри освои 1170 поени, само 41 повеќе од второпласираниот Винисиус јуниор. Третото место му припадна на Џуд Белингам, кој освои 917 поени.
Право на гласање имаат 100 новинари од државите кои се рангирани во топ 100 на ФИФА.